Култура „Жените од Алжир“ на Пикасо е продадена за 180 милиони долари

„Жените од Алжир“ на Пикасо е продадена за 180 милиони долари

Маслото на платно на Пабло Пикасо од 1955 година беше продадено во аукциската куќа „Кристи” за 179.400.000 долари, што стана најскапото уметничко дело што некогаш е продадено на аукција.

„Кристи“ претходно проценуваше дека сликата „Жените од Алжир“/ верзија на О / дека ќе се продаде за 140 милиони долари, но повеќе понудувачи по телефон понудиле 160 милиони, за крајната цена да достигне 179.365.000 долари, вклучувајќи ја и провизијата на аукциската куќа која изнеусва околу 12 отсто.

Името на купувачот на сликата на Пабло Пикасо не е откриено.

Досега, најскапото уметничко дело некогаш продадено на аукција беше триптихот на Френсис Бекон, „Трите студии на Лусијан Фројд”, кој беше продаден за 142.400.000 долари во аукциската куќа „Кристи“ во ноември 2013 година.