Хроника Жена загина во сообраќајка на патот Удово – Демир Капија

Жена загина во сообраќајка на патот Удово – Демир Капија

Една жена го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила на патот Удово – Демир Капија, кој е затворен за сообраќај.

Сообраќајната несреќа се случила во 7.30 часот, кај местото Света Петка, кога патничко возило „фиат сеиченто“, со скопски регистарски таблички, удрил во автобус на „Струмица експрес“. Во несреќата Б.П., која била сопатник во автомобилот, починала на самото место.

Екипа на МВР е на местото на несреќата и увидот е во тек.