Македонија Жена од Белгија вдоми болно куче од Македонија

Жена од Белгија вдоми болно куче од Македонија

Жена од Белгија дојде во Македонија за да го спаси напуштеното и фрлено куче, маламутот со име Вук, информираат од „Анима mунди“.

Кучето во септември 2014 година sе најден во ужасна состојба, со отворени и загноени рани и воопшто не можело да застане на нозетe, а при секој обид паѓало.

„Еден ден, на „Фејсбук“ го видела Кети Берг, жена од Белгија. И не зошто е убаво, весело или здраво куче, туку зошто останало изневерено, само, болно и немоќно, одлучи да го спаси и во целост го финансираше неговото лекување, а потоа и го вдоми. Кети, која веќе има други две кучиња (вдомени од Полска и од Хрватска), беше единствената која се нафати да го згрижи Вук, куче чие лекување трае и ден-денес и кое ќе претставува проект за цел живот“, се вели во соопштението од здружението.

Поради тоа што не било возможно да се транспортира кучето со авион, Кети во Скопје дошла со автомобил.