Македонија Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Богородица

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Богородица

Сообраќајот на сите државни патишта денеска се одвива без забрани, на места по влажни коловози, а нтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Од АМСМ соопштуваат дека на граничниот премин Богородица има зголемена фреквенција на возила, но без подолги задржувања за влез и за излез од земјава.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.