Македонија Зголемена фреквенција на граничните премини поради продолжениот викенд

Зголемена фреквенција на граничните премини поради продолжениот викенд

На граничните премини со Грција утринава е забележана зголемена фреквенцијата на возила поради продолжениот викенд. На граничниот премин Богородица, како што велат од АМСМ има колони за влез во Грција, но нема подолги задржувања.

„Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема поголеми задржувања за влез и за излез од државата“, велат од АМСМ.