Свет Европа Зголемена безбедноста на транспортната мрежа во Лондон поради сомнителна направа

Зголемена безбедноста на транспортната мрежа во Лондон поради сомнителна направа

Лондонската полиција го подигна нивното на безбедност околу транспортната мрежа во градот, откако пред два дена била најдена сомнителна направа во воз, јавува „Би-би-си“.

Вчера вооружената полиција на Лондон уапсила 19-годишно момче во северниот дел на Лондон, за кое постојат сомневања дека е поврзано со „сомнителната направа“, која еден ден претходно била уништена со контролирана експлозија на станицата во Северен Гринвич.

Осомниченото момче е приведено во полициската станица во Лондон и сè уште се наоѓа во притвор.

На патниците што го користат јавниот превоз во Лондон им било соопштено да очекуваат зголем број полицајци, вклучувајќи и припадници на вооружената полиција, во и надвор од транспортните објекти и дека патролни тимови на британската транспортна полиција се распоредени во метроата и на железничките станици.