Економија Земјоделците сè повеќе ги осигуруваат посевите

Земјоделците сè повеќе ги осигуруваат посевите

Годинава се потпишани 3.784 полиси за осигурување во земјоделството, а бруто-износот на полисираната премија изнесува 181 милион денари. Осигурувањто е повисоко за 63 проценти во однос на минатата година.

Ова денеска го истакна министерот за финансии, Зоран Ставрески, по повод денот на осигурувањето.

Почнувајќи од 2008 година, Владата воведе мерка за помош за премии за осигурување за примарното земјоделското производство, природни непогоди и неповолни климатски настани, односно покрива 60 проценти од трошоците.