Македонија Здравствените работници утре на протест

Здравствените работници утре на протест

Протестот е поради незадоволството од непотпишувањето на анексот на колективниот договор за здравствена дејност со што требаше да се зголемат платите на вработените во овој сектор

Фото: Архива, Здружение на лекари специјализанти

Здравствените работници утре излегуваат на протест, поради незадоволството од непотпишување на анексот на колективниот договор за здравствена дејност со што требаше да се зголемат платите на вработените во овој сектор.

Протестот е организиран од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, поддржан од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), а ќе се одижи пред Министерството за здравство во 10 часот.

„Протестираме за да кажеме дека бараме да се потпише Анексот веднаш по завршување на изборниот процес, но со дополнително соодветно зголемување на коефициентите на вработените согласно зголемените трошоци на живот. Ги повикуваме политичките партии кои претендираат да ја водат државата и како наш иден социјален партнер да одвојат време да седнат со синдикатот и да ги слушнат барањата“, велат од ССМ.

Според проценките на синдикатите, со непотпишувањето на анексот повеќе од 20 илјади работници во здравството остануваат без усогласувањето на нивните плати со порастот на минималната плата.