Македонија Завршна конференција за проектот за зајакнување на капацитетите во затворите

Завршна конференција за проектот за зајакнување на капацитетите во затворите

„Изградба на капацитетите на агенциите за спроведување на законот за соодветен третман на притворените и на осудените лица“ е проект финансиран од ЕУ и спроведуван од Советот на Европа, за кој денеска во Скопје ќе се одржи завршна конференција.

Проектот се фокусира на две главни компоненти – казнениот систем и полицијата. Целта е зајакнување на организациските и на раководните капацитети на затворите за да се обезбеди целосна заштита на човековите права во односот со притворените и со осудените лица. Во однос на полицијата, со проектот треба да се постигне развој на капацитетите за обезбедување професионалност, која ќе гарантира целосно почитување на фундаменталните права на притворените лица.