Македонија Заврши средбата на работната група

Заврши средбата на работната група

Заврши средбата на работната група, на која се разговараше околу изборната легислатива. По неколку часа договарање, ниту еден од претставниците на политичките партии не даде официјална изјава за тоа како се одвивале преговорите.

Само претставникот на ЕУ, кој беше посредник на средбата, Питер ван Хојте, рече дека е оптимист и дека утре попладне ќе има нова средба.

Од неофицијални извори се дознава дека се разговарало за активна регистрација со отпечаток на прст на гласачите за следните парламентарни избори, кои треба да се одржат во април идната година.

Тоа значи дека неколку месеци пред изборите граѓаните ќе треба да се регистрираат, со што би се создал нов избирачки список.

На денешната средба копјата се кршеле околу тоа дали регистрацијата да биде задолжителна или доброволна.