Македонија Заврши апанажата за пратениците од минатиот собраниски состав

Заврши апанажата за пратениците од минатиот собраниски состав

34 пратеници од минатиот собраниски состав го искористија правото на апанажа, односно примање пратеничката плата во полн износ во рок од една година.

Меѓу нив се и Радмила Шекеринска, Јани Макрадули, Емилијан Станковиќ, Весна Бендевска, Гордан Георгиев, сите од СДСМ, Ивон Величковски од ЛП, Драгиша Милетиќ од ДПС, како и Драган Настовски, Илија Китановски, Веле Георгиевски и Милорад Додевски од ВМРО-ДПМНЕ. Или, 21 поранешен пратеник се од тогашната опозициска коалиција, петмина се од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а останатите од партиите на Албанците.

Платата, која изнесува околу 60.000 денари, за последен пат ќе ја примат овој петок, откако денеска Комисијата донесе решение за престанок на правото на апанажа.