Економија „Заваровалница Триглав“ започна постапка за основање на пензиско осигурување на пазарот

„Заваровалница Триглав“ започна постапка за основање на пензиско осигурување на пазарот

Словенечка „Заваровалница Триглав“ известува дека доставила барање за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови до македонската Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС.

„Намерата за ширење на групацијата „Триглав“ на македонскиот пазар на пензиско осигурување е во согласност со нејзините стратешки насоки“, велат од компанијата.

Од МАПАС вчера информираа дека процесот за основање ќе се одвива под целосна контрола од страна на Агенцијата, согласно македонското законодавство во најдобар интерес на пензискиот систем.

„Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови“, соопштија од МАПАС.