Економија Затворањето на грчките банки предизвика падови на европските и на азиските берзи

Затворањето на грчките банки предизвика падови на европските и на азиските берзи

Берзите во Европа и на Азија бележат големи падови откако Грција ги затвори сите свои банки и почна со контрола на нивниот капитал, пренесуваат светските медиуми.

Потегот на грчките власти доаѓа откако Европска централна банка (ЕЦБ) реши да не ја зголеми кредитната помош за земјата.

Индексот на лондонскиот ФТСЕ 100 паднал за речиси 2 отсто, во раното тргување, а претходно во Азија индексот на Никеи во Јапонија паднал за речиси 3 отсто.

На пазарот на хартии од вредност, исто така е забележан пад на еврото во однос на доларот. Едно евро се менува за 1,0953 долари во Европа, додека во Азија вредноста е уште помала, но како што јавуваат медиумите, успева да се поврати.

Во другиот дел од Европа, германската берза Дакс (Dax) и француската Цац 40 (Cac 40), бележат пад поголем од 3 отсто.

Атинската берза и грчките банки ќе бидат затворени цела недела.