Македонија Засега предметите од СЈО ќе останат кај досегашните обвинители

Засега предметите од СЈО ќе останат кај досегашните обвинители

Јавното обвинителство ги презеде предметите од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, информираат од таму.

„По преземањето на предметите, доверени се на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети сè до определување на надлежно Јавно обвинителство и јавен обвинител кој ќе постапува во секој предмет.

Во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе продолжат да се спроведуваат досегашните безбедносни мерки и начинот на движење на предметите, доказните материјали и материјалите од прислушуваните разговори, а за контрола над спроведувањето на овие мерки задолжени се двајца јавни обвинители“, информираат од Обвинителство.