Култура Почнува „Бугарски филмски понеделник“ во Кинотека

Почнува „Бугарски филмски понеделник“ во Кинотека

Сцена од филмот „Живи Легенди“

Кинотека на Македонија в понеделник ќе го почне веќе традиционалниот „Бугарски филмски понеделник“.

Од 17 ноември, следните три понеделници ќе бидат прикажувани филмови од современата бугарска филмска продукција.

Циклусот почнува со комедијата „Живи легенди“ на режисерот Ники Илиев, кој заедно со Сања Борисова е во една од главните улоги.

На проекцијата ќе присуствуваат Ники Илиев и Сања Борисова, кои во Кинотеката веќе се имаат претставено и со филмот „Странецот“. Во следните понеделници следуваат филмовите „Ти којшто си на небото“ на Дочо Боџаков, „Бојата на камелеонот“ на Емил Христов и „Миграција на паламудата“ на Људмил Тодоров. Циклусот се реализира во соработка со Бугарскиот културен центар во Македонија.