Uncategorized Почна Парламентарното собрание на НАТО во Будимпешта

Почна Парламентарното собрание на НАТО во Будимпешта

Пленарното заседание на Парламентарното собрание на НАТО, на кое треба да се усвои нацрт-декларацијата на ова меѓународно тело за проширување на алијансата, почна во Будимпешта.

Претседателот на македонското собрание, Трајко Вељаноски, учествува на денешното заседание и ќе има свое обраќање.

Нацрт-декларацијата ја подготви шефот на унгарската делегација, Михаили Бала.

Претходно е најавено дека Декларацијата за проширувањето би требало да биде усвоена на крајот од годината, на средбата на министрите на НАТО.

Пролетното заседание на Парламентарното собрание на алијансата собира 270 делегати од 28 членки на алијансата и од 23 партнерски држави.