Македонија Започна одбележувањето на Денот на АРМ

Започна одбележувањето на Денот на АРМ

Денеска началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески ќе се обрати на свеченото постројување на вработените пред зградата на Министерстворо за одбрана, по повод одбележување на Денот на АРМ – 18 август.

Како дел од активностите за одбележување на денот на АРМ, на припадници на Министерството за одбрана и на генералштабот и на АРМ ќе им бидат доделени плакати и благодарници и ќе бидат прочитани наредби за унапредување. На свечениот чин ќе присуствуваат и министерот за одбрана Зоран Јолевски и неговиот заменик Иљми Селами.

Како што е најавено, единицата на артилерискиот баталјон на АРМ од касарната „Илинден“ ќе изврши почесна артилериска стрелба на 10 плотуни од артилериски орудија.