Ctrl - Z Започна најновата сезона на „Диабло 4“

Започна најновата сезона на „Диабло 4“

Уникатните оружја, оклопот и накитот се засилени максимално, а понудени се и многу повеќе бонуси од претходно

Започна најновата сезона 5 на „Диабло 4“, наречена „Season of the Infernal Hordes“. Оваа сезона се одликува со најбрз премин од едно ниво на друго досега. Уникатните оружја, оклопот и накитот се појачани максимално. Понудени се многу повеќе бонуси од претходно. Aко имате т.н. „uber unique items“, истите ќе бидат апдејтирани со најновите измени.

Еве како оние кои ја развија играта Diablo 4, ја објаснуваат арената: 

 

Во моментов има повеќе стримови на YouTube и Twich од најпознатите јутубери и твич стримери кои детално и постојано ја следат играта. За да се игра сезоната не мора да имате купено „премиум бетл пас“, но ќе освоите само листа понудени скинови кои генерално се полоши од тие што може да ги освоите ако платите за „батлпасот“. Убедливо најголем новитет е арената со бранови чудовишта, дури и само што излезе нов гејмплеј трејлер за оваа каратеристика и gamemode: 

Арената со бранови непријатели преставува забрзан начин на премин од едно ниво на друго. Најдобрите ќе бидат на Leaderboards рангирање, а може да освојат и нова валута. Има преку 50 нови ајтеми и Legendary и Unique items и можност за посебни нови Uber Uniques. Надградбите на новите unqiue ајтеми се премоќни, на пример со оклопот на архангелот Tyriel практично добивате измаксирани resistances на сите елементи. Се добива плус уште еден ред со нова способност во ефект и во објаснувањето за ајтемите.

Еве како изгледа Uber Unqiue Item со новите измени: 

 

Ова во сезона 5 е еден од најефикасните начини за левелирање, но грајндот на dungeons е уште меѓу најбрзите начини. И ако ја правите оваа арена -не добивате надграбри за Glyph-овите како во Nightmare dungeons, тоа е единствениот пропуст на новиот додаток, но ако ги завршите сите бранови непријатели загарантиран е еден “ајтем дроп” од најдобар квалитет со еден “стат” повеќе.

Мора да се напомене дека не се борите само против демони туку и против goatmen и крстоносци витези -кои наводно биле корумпирани. Но очигледно е дека бегло се обидува да се рециклираат веќе сработени непријатели, исто така што се однесува до последниот главен Советот на демони сите освен еден од нив се истиот модел само со различна обоеност -recolored models. И покрај ова сезона 5 што е во тек, рапидно стекнува популарност.