Македонија Запленети над 50.000 евра на скопскиот аеродром од патник од Истанбул

Запленети над 50.000 евра на скопскиот аеродром од патник од Истанбул

Патникот кој патувал од Истанбул на влез се определил да помине на зелен канал каде што минуваат лица кои немаат ништо за пријавување

фото: Царинска управа

Запленети се 50.600 евра коишто патник на влез во државата на царинската испостава на скопскиот аеродром не ги пријавил кај царинските службеници, соопшти Царинска управа.

Патникот кој патувал од Истанбул на влез се определил да помине на зелен канал каде што минуваат лица кои немаат ништо за пријавување. Притоа, царинските службеници го селектирале за преглед, при што во личниот багаж му биле пронајдени девизни средства од 60.000 евра.

Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени 10.000 евра, а останатите со судска пресуда биле одземени од лицето.