Хроника Запалено возило на скопјанец

Запалено возило на скопјанец

Непознат сторител, вчераутро, со запалива течност предизвикал пожар на возило, марка „хонда“, сопственост на скопјанецот М.С. (32).

Според полицијата, возилото, кое било паркирано на улицата 1010, било запалено околу 2.10 часот. Пожарот го изгасила екипа на скопската противпожарна бригада, а тим на Секторот за внатрешни работи Скопје извршил увид на местото и работи на откривање на сторителот и на расчистување на случајот.