Свет Запалена и нападната телевизија „Интер“ во Киев

Запалена и нападната телевизија „Интер“ во Киев

Телевизијата „Интер“ во Киев денеска беше нападната од демонстранти кои тврдат дека овој медиум е проруски. Тие претходно запалија дел од зградата. Од телевизијата соопштиja дека неколку вработени се хоспитализирани поради вдишување чад, а едно лице скршило нога обидувајќи се да избега од пожарот.

Пред просториите на телевизијата во моментов е поставена метална ограда на која се закачени транспаренти „Гори, Интер, гори!“ и „Русија е овде!“

Демонстрантите, исто така, на оградата поставиле гуми, додека полицијата само набљудува, пренесуваат медиумите.

Обидот за палење на телевизијата го осудија Организацијата за европска безбедност и соработка и Меѓународната и европската федерација на новинари.

Украинските медиуми пренесуваат дека вработените денеска се обиделе да влезат во зградата, но дека биле спречени од педесетина демонстранти.

Локалните власти наведуваат дека во врска со пожарот се уапсени шест лица.