Дописници Запалена една од палмите во Прилеп

Запалена една од палмите во Прилеп

Една од палмите што беа засадени пред општинската зграда во Прилеп, синоќа беше запалена.

Според фотографијата што протече на социјалните мрежи, се гледа како гори една од палмите кои беа засадени во паркот Методија Андонов-Ченто.

Палмата најверојатно била запалена за време на полноќните забави, кои се одвиваат на бината на плоштадот Александрија, што се наоѓа во непосредна близина на Општината.

По официјалната програма на „Пивофест“, почнува со работа алтернативната сцена, на која се собираат голем број млади, кои се забавуваат на звуците од електронската музика од домашни и од странски диџеи.