Македонија Законот за основно и за средно образование денеска на собраниска седница

Законот за основно и за средно образование денеска на собраниска седница

Измените на Законот за основно и за средно образование денеска се на дневен ред на Собранието, но и со предложените измени, казните и наградите од екстерното тестирање остануваат.

Синдикатот за образование и ресорното министерство преку работни групи успееја да се договорат само за изземање на ланските казни, но веќе од оваа учебна година на професорите и на наставниците им се заканува опасност од финансиски глоби и од отказ.

Досега ниту протестите и бојкотот на наставата не ги убедија надлежните да се откажат од најкритикуваната реформа, екстерното тестирање, кое завршува утре.