Македонија Заклетва дадоа 226 војници за доброволно служење во АРМ

Заклетва дадоа 226 војници за доброволно служење во АРМ

Оваа 24та генерација војници на доброволно служење во АРМ

Во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес, 226 војници дадоа свечена заклетва, а меѓу нив и 14 девојки. Оваа 24. генерација војници на доброволно служење во Армијата на Република Македонија ќе има интензивна тримесечна обука.
На свеченоста беше присутен и министерот за одбрана, Зоран Јолевски, кој посочи дека вработените во Министерството и припадниците на Армијата ќе сторат сè за да придонесат за развојот на вештините и на знаењата на војниците.
– Вие ја претставувате базата за понатамошна селекција за идни професионални војници во нашата армија. Имате можност да станете дел од одбраната на нашата татковина – рече министерот Јолевски.