Македонија Закажување термин за лични документи од денеска и преку мобилен број

Закажување термин за лични документи од денеска и преку мобилен број

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска пушта во употреба мобилен број на кој ќе може дасе закажува термин за аплицирање за биометриски лични документи.

Заинтересираните закажувањето ќе го прават преку мобилниот број 072929292.

Инаку, другите можности за закажување се преку веб-страницата на МВР и преку фиксниот телефонски број 0800 192 92.

Од МВР велат дека на закажување термини работат 30 оператори.