Свет Балкан Загрепскиот суд ја прифатил гаранцијата на Бандиќ за излегување од притвор

Загрепскиот суд ја прифатил гаранцијата на Бандиќ за излегување од притвор

Неофицијално, судот за Бандиќ прифатил гаранција од околу два милиони евра, во недвижнини

Истражниот судија на загрепскиот жупаниски суд ја прифати гаранцијата што за бранење од слобода ја понудиле загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ и другите осомничени во аферата „Аграм“, кои сè уште се наоѓаат во затворот „Реметинeц“, пренесуваат хрватските медиуми.

Истражниот судија, Зденко Посавац, на осомничените им забранил контакт со сведоци, но и да ги извршуваат своите професионални работни обврски, што во случајот на Бандиќ значи дека доколу излезе од Реметинец, нема да може да ја извршува својата градоначалничка функција.

Според неофицијалните информации што ги пренесуваат хравтските медиуми, за излегување на Бандиќ од притвор, судот прифатил гаранција од 15 милиони куни или околу два милиони евра во недвижности, што ги заложиле негови пријатели, што во Хрватска е досега највисока понуда за бранење од слобода, по сумата од 12,4 милиони куни, односно 1,6 милиони евра, што во недвижности ги заложија пријателите на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер.