Македонија Заглавиле во автомобил на врвот на Галичица, спасувачката акција траела три часа

Заглавиле во автомобил на врвот на Галичица, спасувачката акција траела три часа

Патниот правец на кој се наоѓале заглавените лица подолго време бил затворен за моторни возила, за што била поставена и соодветна сообраќајна сигнализација. Лицата, сепак, одлучиле да возат по забранетиот пат, по што заглавиле

фото: Национален парк Галичица / Фејсбук (14.10.2021)

Неколку лица утрово заглавиле во автомобил на врвот на Галичица, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Заглавените побарале помош на бројот 112, по што акцијата на ЦУК траела три часа – од 5 до 8 утрово.

Патниот правец на кој се наоѓале заглавените лица подолго време бил затворен за моторни возила.

„Веднаш се известени од Единицата за спасување на планина во Охрид, коишто, согласно временската видливост, итно се упатиле на терен за да помогнат и да ги извлечат, а секако и сите надлежни институции биле известени за натамошна постапка“, велат од ЦУК.

Паралелно било комуницирано и со граѓаните од заглавеното возило за да се дознае повеќе за нивната состјоба, при што биле информирани дека спасителите се на пат за нивно извлекување.

Инаку, согласно информацијата на АМСМ за сезонскиот режим на сообраќај од 15 јануари, патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови возила, сè до 1 април. На самото место била поставена и соодветна сообраќајна сигнализација.

ЦУК апелира за внимателно возење на повисоките места каде што има снег и да не се вози по забранети патни правци на планините, како што е случајот преку Галичица.