Македонија Во Сирија загина уште еден македонски државјанин

Во Сирија загина уште еден македонски државјанин

Во Сирија загина уште еден Албанец од Македонија, кој бил припадник на џихадистите на Исламската држава. Е.А. од скопско Инџиково, кој имал 23 години, заминал да војува на сирискиот фронт пред три месеци. Ова е 13. македонски државјанин што загинал на воените полиња во Сирија.

Според процените на американската разузнавачка агенција ЦИА, Исламската држава располага со околу 30.000 борци.