Дописници Загина скопјанец во сообраќајка кај Лозово

Загина скопјанец во сообраќајка кај Лозово

Во возило што излетало од коловозот кај Лозово на патот Велес – Штип, загина 63-годишен скопјенец, кој бил сопатник во автомобил „шкода“ со скопски регистерски ознаки. Возачот е повреден и со возило на итната помош на Свети Николе е пренесен во болница.

Несреќата се случила денеска околу 15 часот, потврди портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова. Увид на местото на несреќата вршат јавен обвинител од Свети Николе и полицијата.

Од увидот, според Панајотова, ќе се утврдат и причините за несреќата.