Македонија Загина 17-годишно момче во судир на автобус на ЈСП и автомобили

Загина 17-годишно момче во судир на автобус на ЈСП и автомобили

Малолетниот сопатник на починатиот возач исто така се здобил со повреди, а возачот на третото возило побегнал

Фото: Мета.мк

Вчера на патот Шуто Оризари-Горно Оризари загинало 17-годишно момче во сообраќајна несреќа во која се судриле два автомобила и автобус од ЈСП, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Несреќата се случила во 9.30 часот наутро, на крстосница на патот Шуто Оризари – Горно Оризари со сервисна улица која го поврзува патот со ул. „Александар Урдаревски“.

Во несреќата биле вклучени три возила – „автобус на ЈСП, управуван од Г.М.(51) од Скопје, патничко возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17 – годишник од с. Блаце, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, по што возачот со возилото го напуштил местото“, велат од МВР.

Возачот на возилото „форд галакси“ и неговиот малолетен сопатник од Блаце се здобиле со тешки повреди. Тие биле примени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје, каде што подоцна возачот починал.