Македонија Заев за „Јуроњуз“: Во отсуство на ангажман од ЕУ и од САД,...

Заев за „Јуроњуз“: Во отсуство на ангажман од ЕУ и од САД, Русија ќе го зголеми влијанието

Интересот на Русија за Македонија е зголемен по предвремените парламентарни избори во декември, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за „Јуроњуз“.

„Руското влијание веќе се чувствува преку зголеменото кадровско присуство и преку изјавите на рускиот министер за надворешни работи, како и преку активностите на нивната амбасада во земјата“, изјави Заев за „Јуроњуз“.

Тој вели дека е забележан мал пад на поддршката на граѓаните кон ЕУ и кон НАТО, поради што ги повика на поголема ангажираност и ЕУ и САД.

– Процентот на опаѓање е многу мал, но е видлив. Верувам дека доколку не се преземат дополнителни мерки, поради намалениот интерес на ЕУ и на САД во овој регион, Руската Федерација ќе добие уште повеќе простор да ги наметне своите интереси – вели Заев.