Македонија Заев: Во 2017 Македонија ќе ја водат мудри и ведри луѓе

Заев: Во 2017 Македонија ќе ја водат мудри и ведри луѓе

Цврсто одлучивме да си го вратиме животот, успеавме заедно и 2017 ќе биде година на нашиот живот, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во своето новогодишно обраќање.

– Заедно носевме и донесовме важни политички одлуки за Македонија. Бевме солидарни кога беше најпотребно, покажавме почит кон борците што го трасираа нашиот пат денес. Ние се боревме со нашиот глас за праведна и правична Македонија за сите – вели Заев.

Лидерот на СДСМ вели дека Македонија ќе ја водат мудри и ведри луѓе, кои сакаат и знаат како да се издигнат над своите интереси и ќе ја постават државата на здрави основи.

– Од 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме, за слободно да живееме, слободно да избираме, слободно да се изразуваме и слободно да дејствуваме. Семејствата да ни се финансиски стабилни, децата да ни се насмеани, Македонија да биде општество на среќни граѓани. Тоа е нашата задача и тоа ќе го направиме – додава Заев.