Главна секција Заев со граѓаните што остануваат пред Владата

Заев со граѓаните што остануваат пред Владата

По големиот протестен митинг, планирано е повеќе од 4.000 граѓани и активисти да останат да спијат во камп пред Владата и да го продолжат протестот сè додека премиерот Никола Груевски не си поднесе оставка.

По говорите, активистите вадат шатори, душеци, вреќи за спиење и ќебиња за го почнат кампувањето.

Ним им се приклучи и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој разговара и се фотографира со граѓаните што планираат да преноќат на платото пред Владата.

На тој простор се крева и нова бина за музички и за други настапи, а неофицијално, се планира да има и филмски проекции.