Македонија Заев се сретна со амбасадорката на Австрија

Заев се сретна со амбасадорката на Австрија

„Се чувствува првична релаксираност кај граѓаните. Целта на нашето учество во владата е да обезбедиме гаранции за фер и демократски изборен процес, а по изборите на 24 април – слободна и европска Македонија“, рекол претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната средба со амбасадорката на Австрија, Ренате Коблер, информираат од СДСМ.

Како што пишува во соопштението на опозицијата, амбасадорката Колбер изразила почит кон демократските заложби на Заев и на раководството на СДСМ на патот кон разврска на политичката криза.