Македонија Заев: Присуството на Советот за безбедност не значи дека даваме легитимитет на...

Заев: Присуството на Советот за безбедност не значи дека даваме легитимитет на институциите

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека неговото присуство на денешната седница на Советот за безбедност не значи дека тој и опозицијата даваат легитимитет за она што државните институции го правеле изминатите неколку години, а особено последните неколку месеци.

– Нашите ставови за капацитетот и за легитимитетот на оваа власт се познати, од нив не отстапуваме. Но, денеска имаме друг приоритет, да се спречи процесот кој очигледно води кон дестабилизација на државата и кон загрозување на безбедноста на граѓаните. Моето присуство на седницата на Советот за безбедност е исклучиво поради загриженоста за безбедносната состојба во државата. На седницата, во име на граѓаните, ќе барам објаснување кој, зошто и со каква цел ја дестабилизира Македонија, дали воопшто кризата во Куманово е завршена и дали е точно дека и во некои други региони има инфилтрирано вооружени групи? Дали безбедносните служби знаеле од порано за оваа вооружена група и од кога? Исто така, од суштинско значење е дали овие луѓе имаат каков било план и стратегија за смирување на состојбата и за спречување можна ескалација – рече Заев.