Македонија Заев: Странска служба не може да прислушува преку 20.000 граѓани

Заев: Странска служба не може да прислушува преку 20.000 граѓани

„Никој не ме контактирал. Тоа е многу чудно затоа што во најмала рака министерот за внатрешни работи мораше да излезе, ама никој не се огласува. Сега сè е јасно. Она што е како тврдење во јавноста, дебата, кој тоа ги слушал нашите граѓани, повеќе од 20.000 граѓани на оваа земја, веќе на сите им е јасно, од повеќе причини“, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за „Радио-телевизија Србија“.

„Тврдењата за кои сум јас осомничен, и уште неколкумина кои се во притвор, дека тоа се странски служби кои се присутни во Македонија, веќе се разобличени со вчерашната прес-конференција. Затоа што повеќе од 20.000 граѓани не може да прислушува странска служба, поединец или која било група, освен државната служба“, вели Заев во интервјуто.