Македонија Заев очекува до крајот на неделата да се конституира парламентот

Заев очекува до крајот на неделата да се конституира парламентот

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се сретна со амбасадорот на Република Полска во Македонија, Јацек Мултановски.

На средбата било разговарано за текот на изборниот процес и за очекувањата за понатамошен демократски развој на Македонија.

Заев го информирал амбасадорот дека очекува до крајот на неделата да се конституира парламентот и да се отворат демократските процеси што, според него, граѓаните ги побараа на неодамнешните избори.