Македонија Заев: Јанкулоска и Протоѓер договараат ексклузивни вести на медиумите

Заев: Јанкулоска и Протоѓер договараат ексклузивни вести на медиумите

Со другите разговори што денеска на прес-конференција ги објави Зоран Заев, лидерот на опозицискиот СДСМ, според него, се покажува дека Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска менаџираат сè друго во државата. Објавената аудиоснимка, според Заев, е разговор помеѓу Мартин Протоѓер и министерката за внатрешни работи за тоа како да се организираат вестите на „Канал 5“.

Во дел од аудиозаписот, Јанкулоска вели: „Треба еден список, да ги сотреме. Не може некој што душа ни вадел во кампањава да му даваме плата. Тој што му бил обезбедување, нема веќе да работи во МВР“.

Според Заев, на овој начин се местеле информации на телевизија.

Лидерот на СДСМ објави и аудиоснимка од разговор меѓу портпаролот на МВР, Иво Котески, и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Заев на крајот од прес-конференцијата порача дека „нема да им дозволат да ја сотрат Македонија“.

– Нема да дозволиме ова повеќе никогаш да се случува во Македонија – рече Заев.