Македонија Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на Немцов

Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на Немцов

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати телеграма со сочувство до семејството на убиениот опозициски лидер во Москва, Борис Немцов, и до граѓаните на Руската Федерација.

„Изразувам искрено и длабоко сочувство за бруталното убиство на Борис Немцов, до Вас – семејството на Борис Немцов, до неговите пријатели, колеги, но и до граѓаните – поддржувачи, во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Семејството на Немцов, но и граѓаните на Русија и на светот загубија храбар човек и борец за демократските вредности, како што се слободата и владеењето на правото. Борис Немцов ќе остане запаметен како еден од наjпосветените заштитници на граѓанските права во земјата. Изразуваме надеж дека властите во Русија ќе спроведат брза и транспарентна истрага за околностите под коишто е убиен опозицискиот лидер Борис Немцов“, се вели во телеграмата упатена од Заев.