Македонија Заев им го честита Велигден на верниците од католичка вероисповед

Заев им го честита Велигден на верниците од католичка вероисповед

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, им го честита големиот христијански празник Воскресение Христово, Велигден, на бискупот, скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, како и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија.

„Во мое име, и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ви упатувам срдечни честитки Вам и на граѓаните коишто го празнуваат денешниот најголем христијански празник Воскресението Христово, Велигден.
На сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, и Вам лично, Ви посакувам да ги поминете велигденските празници во духовен мир, семејна хармонија и во добро здравје.
Искрено верувам дека сите ние заедно се залагаме за создавање подобра, посветла иднина за Република Македонија, каде меѓусебното разбирање, заемното почитување и толеранцијата меѓу сите граѓани ќе бидат основни темели за заеднички и спокоен живот“, се вели во честитката испратена од Заев.