Македонија Заев и владина делегација денеска и утре во Брисел

Заев и владина делегација денеска и утре во Брисел

Премиерот Зоран Заев денеска и утре (16 и 17 октомври), ќе престојува во работна посета на институциите на Европската унија во Брисел.

Заев, заедно со заменик претседателот на владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и со министерот за надворешни работи Никола Димитров попладне ќе се сретнат со комесарот за проширување и соседска политика во Европската комисија, Јоханес Хан.

Делегацијата на Владата потоа ќе има средба со претседателот на Европскиот парламент Давид Мариа Сасоли и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Утре премиерот ќе се сретне со потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс.