Македонија Заев и Борисов се поклонија пред споменикот на Борис Трајковски во Струмица

Заев и Борисов се поклонија пред споменикот на Борис Трајковски во Струмица

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, пред почетокот на заедничката седница на владите на двете земји, положија венци свежо цвеќе пред споменикот на поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски, во Струмица.

На седницата, која е резултат на Договорот за добрососедство меѓу двете земји, се разговара за продлабочување на соработката во економијата, енергетиката, инфраструктурата, прекуграичната соработка и за реформските процеси, потребни за европските и евроатлантските интеграции на земјава.

На седницата, како што информираат од Владата, ќе бидат потпишани повеќе билатерални договори.