Македонија Заев дал насоки за нарачка на 100.000 руски вакцини „Спутник“

Заев дал насоки за нарачка на 100.000 руски вакцини „Спутник“

Фото: Арбнора Мемети

Премиерот Зоран Зев дал насоки да се направи нарачка од 100 илјади дози од руската вакцина „Спутник“.

„Синоќа доцна добив информација од министерот за здравство Венко Филипче дека имаме капацитет, согласно склучените договори и платените, да направиме нарачка од 100.000 дози од следна вакцина, со што би го надополниле севкупниот план, и не би останале вишок вакцини. Да одговорам на прашањето дали би нарачал од „спутник“ да, дадов насоки, да се направи од таму нарачка,“ изјави Заев при посетата на Пробиштип.

Оваа недела во државата треба да пристигнат и кинеските вакцини „Синофарм“.