Економија Заев – Багиров: Азербејџански бизнисмени гледаат потенцијал за инвестирање во Македонија

Заев – Багиров: Азербејџански бизнисмени гледаат потенцијал за инвестирање во Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Азербејџан за Македонија, Фаик Багиров.

На средбата било разговарано за соработка на економски план, а Багиров му соопштил на Заев дека имало повеќе азербејџански бизнисмени кои гледаат потенцијал за инвестирање во Македонија.

Премиерот Заев се заблагодарил за добрата соработка помеѓу Македонија и Азербејџан и најавил нејзино понатамошно развивање во областа на трговијата, економијата, енергетиката, туризмот.