Македонија Заев – Бабиќ: Очекуваме в понеделник да се избере новиот претседател на...

Заев – Бабиќ: Очекуваме в понеделник да се избере новиот претседател на Собранието

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се сретна со амбасадорката на Босна и Херцеговина, Лепа Бабиќ, со која разговарал за потребата од што побрза разврска на политичката криза во Македонија.

– Очекуваме в понеделник да се избере новиот претседател на Собранието, кој ќе го извести Ѓорге Иванов дека е должен веднаш да ми го даде мандатот за составување на новата реформска влада – изјавил Заев.

На средбата се разговарало и за очекувањата на домашната јавност, граѓаните и на бизнис-секторот за стабилизација и за развој на Македонија, како и за продлабочување на економската и на културната соработка помеѓу Македонија и Босна и Херцеговина.

– Европската Унија и НАТО ги поддржуваат демократските процеси во Македонија и отвораат врати за овие стратешки перспективи на земјата. Имаме демократски обезбедено парламентарно мнозинство од 67 пратеници и програма на новата реформска влада за унитарна Македонија, посветена на потребите на граѓаните. Не смее никој да ги блокира институциите за лични цели и за затскривање од одговорност за направени криминални дела. Знаеме дека имаме работа со неразумно и со исплашено раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кое е подготвено да ги жртвува интересите на граѓаните и државата и затоа внимателно ги движиме процесите. Но, граѓаните избраа промени и тие ќе се случат – рече Заев.