Македонија Задолжителната задолжница се одлага за 1 април 2015 година

Задолжителната задолжница се одлага за 1 април 2015 година

Министерството за финансии подготви измени и дополнувања на Законот за задолжница, со што оваа мерка се одлага за 1 април 2015 година.

„Во согласност со Законот за задолжница, од 1 јануари 2015 година треба да почне задолжително издавање задолжници на износ поголем од 300.000 денари. Со измените на Законот, се предлага издавање на кумулативна задолжница, за што е потребно Централниот регистар да го приспособи системот на задолжници, за што му требаат три месеци. Од тие причини, потребно е одлагање на примената на задолжителната задолжница“, се вели во образложението на Министерството за финансии.