Македонија Забрана за движење на товарни возила на Стража

Забрана за движење на товарни возила на Стража

Поради интензивни врнежи од снег, од 18.30 часот на планинскиот превој Стража е воведена забрана за движење на товарни возила, соопшти АМСМ.
Претходно беше воведена забрана за сообраќај за сите видови возила поради голем одрон на патниот правец Македонски Брод – Скопје. Голем одрон има на потегот Близанско – Козјак, на 1,6 километри по браната, поради што во 17.45 часот е воведена забраната за сообраќај. Прекин во сообраќајот има на патниот правец клучка Марвинци – Гевгелија поради излевање на реката Вардар на коловозот.
Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трботивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница.
На патниот правец Демир Капија – Корешница е воведена забрана за сообраќај на лесни возила поради излевање на реката Вардар на коловозот.
Во општина Пробиштип, поради свлечиште, и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица кон Пробиштип–Леговец–Злетово.
Поради зголемување на нивото на реката Брегалница, превентивно е затворен патниот правец од Ново Село кон Радовиш.
Сообраќајот на локалниот пат за село Покрајчево, кој го поврзува магистралниот пат А-4 Радовиш – Струмица, поради излевање на Радовишка Река, е во прекин и се одвива преку село Подареш – Радовиш.
Регионалниот патен правец од село Тополчани кон село Клепач, поради премногу вода, е во прекин за секаков вид сообраќај.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – село Брезница – Кула – Коломонт – Македонски Брод е во прекин поради големи одрони од камења на делот Коломонт – Близанско.
Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива по влажни коловози поради врнежи од дожд и од снег, соопшти АМСМ.