Македонија За само една ноќ, полицијата фатила 176 пијани возачи низ земјава

За само една ноќ, полицијата фатила 176 пијани возачи низ земјава

Фото: МВР

За само една ноќ, во период од пет часа, полициски службеници фатиле 176 пијани возачи низ земјава. Синоќа (19/20.06.2021) од 22.00 часот до 03.00 часот Министерството за внатрешни работи (МВР) спровело зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 176 возачи, информираат од МВР.

„Тие се веднаш исклучени од сообраќај и изречени им се соодветни санкции. Најголем број на возачи кои управувале возило под дејство на алкохол имало во Скопје-44, СВР Битола-24, СВР Штип-18, СВР Охрид-17…“, се наведува во соопштението на МВР.

Од МВР велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Инаку, возењето во алкохолизирана состојба е една од најчестите причини за предизвикување сообраќајни незгоди со повредени и загинати лица.

Во текот на вчерашниот ден, МВР на територијата на Град Скопје изрекла вкупно 203 сообраќајни казни, при што 58 санкции биле за брзо возење.