Македонија За поплавените подрачја, собрани 130.000 евра

За поплавените подрачја, собрани 130.000 евра

Во текот на вчерашниот ден, Црвен крст на Република Македонија изврши дистрибуција на хуманитарна помош. Во Битола беа дистрибуирани 465 килограми прехранбени продукти и 54 тони вода за пиење, во Штип – 40 тони вода за пиење, во Куманово беа поделени 15 пакети со прехранбени продукти, 50 пакети со средства за хигиена, 20 пара гумени чизми, 45 ќебиња и 1.000 литри вода за пиење.
Преку мобилните телефони од „Т-мобајл“, „Оне“ и од „Вип“, 070/075/077 143 400, заклучно со 9 февруари годинава, обезбедени се вкупно 8.264.700 денари, а на сметката на Фондот на солидарност се собрани 785.187 денари.