Македонија За едно деноноќие прегазени двајца пешаци во Прилеп и во Кочани, возачите...

За едно деноноќие прегазени двајца пешаци во Прилеп и во Кочани, возачите избегале

За едно деноноќие се случиле две несреќи, во кои пешаци биле прегазени, а возачите избегале од местото, стои во полицискиот билтен. Двајцата имаат тешки телесни повреди

Фото: МВР

За едно деноноќие се случиле две несреќи, во кои пешаци биле прегазени, а возачите избегале од местото, стои во полицискиот билтен. Двајцата имаат тешки телесни повреди.

Утринава околу 2 часот по полноќ, на пат А-3 Прилеп-Ресен, во близина на место викано „Петилеп“, патничко возило удрило во пешакот А.А.(43) од Прилеп и го напуштило местото. По несреќата пешакот бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За случајот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола.

Вчера, околу 13.30 часот во Полициска станица Кочани било пријавено дека на улицата „Тодосија Паунов“ во Кочани, товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(32) од с.Три чешми, штипско, удрило во пешакот В.Ш.(69) од Кочани и го напуштило местото.

„Подоцна Ј.К. е пронајден и лишен од слобода. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани. Во координација со Јавен обвинител увид на местото извршила екипа од Полициска станица Кочани“, стои во полициското соопштение.